На првиот лидерски Самит како 30-та полноправна членка, Македонија ги повтори заложбите дека е подготвена да ги исполни своите обврски како рамноправна членка на Алијансата, во амбициозната Агенда што ја исцрта овој Самит.
Македонскиот премиер Заев, кој ја предводеше државната делегација во која беа и министрите за одбрана и надворешни Шекеринска и Османи, собирот на шефови на држави и влади го искористи уште еднаш да испрати порака за отворање и на европскиот пат, бидејќи, како што рече, ништо друго освен јасна ЕУ перспектива за земјата и Западниот балкан, не е опција. Туку двете заедно се патот кон просперитет и стабилност.
ЕУ перспективите, беа главна тема и на билатералната средба на Заев со бугарскиот претседател Заев.
И по денешните разговори, иако деновите се одбројани, оптимизмот не го напушта македонскиот премиер.
Неполна недела останува до разрешницата на европската енигма за Македонија.
За НАТО Алијансата, пак,денешниот Самит, на кој учестуваше и новиот американски претседател Џо Бајден, е ново поглавје во агендата 2030, за предизвиците на оваа деценија
Самитот помина во поразлична атмосфера од претходните два, на кои доминира отворените искричења меѓу европскте земји и САД, тогаш водени од Доналд Трамп.
Но мозаикот околу транслатантските релации и покрај оптимизмот што го донесе Бајден, допрва ќе се пополнува, веќе утре на самитот САД – ЕУ, а потоа и со средбата Бајден – Путин во Женева.
Боби Христов
