Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Македонија падна три места во Индексот за слобода на медиумите

Македонија е со пад од  3 места, од 42 на 45,  во Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“. Таа се наоѓа во групата земји каде ситуацијата е „проблематична“. Од регионот, во групата земји со „задоволителна“ состојба се само Словенија (36) и Црна Гора (41), Хрватска (53) е во групата со „проблематична“, како и Бугарија (71), Албанија (83) и Грција (86), а Босна и Херцеговина (90) и Србија (104) се во категоријата „тешка“ состојба. Норвешка е на првото место десетта година по ред, додека Еритреја е на последното место трета година по ред.

Оценката за Македонија е иста како минатата година и земјата има пад во сите 5 индикатори:

Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, широкораспространетите дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Исто така, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, пишува РСФ.

Според индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“, повеќе од половина од земјите во светот сега спаѓаат во категориите „тешка“ или „многу сериозна“ состојба за слободата на медиумите.

Во извештајот на „Репортери без граници“ пишува дека потребни се ефективни мерки за заштита на новинарите  почнувајќи со ставање крај на криминализацијата на новинарството.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Откако се скарале татко без дозвола и го зел 10 месечното бебе на сопругата и го однел во Швајцарија

Kristina Kuzmanovski

Со боксови и клоци ја тепал сопругата поради тестамент – се заканил ако не се врати дома до 22 ч., ќе ја запали куќата

Kristina Kuzmanovski

Започнува „меко“ хиперхлорирање во Гостивар – наредната недела се очекува техничка вода

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе