Спорт Фудбал

Ериксен се огласи од болница: „Ви благодарам на сите“

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен кој колабираше во саботата на натпреварот против Финска и преживеа срцев удар се огласи од болницата во Копенхаген каде што е хоспитализиран. Преку неговиот агент им се заблагодари на сите, најави дека нема да се откаже и порача дека сака да знае што му се случило.

„Ви благодарам на сите, јас нема да се предадам. Сега се чувствувам подобро, но би сакал да знам што ми се случи. Би сакал да ви се заблагодарам на сите за тоа што го направивте за мене“,  е пораката која ја јспрати Ериксен.

Тој имал и видео разговор со неговите соиграчи на кои на шега им кажал дека изгледаат полошо од него.

Во меѓувреме, тимскиот лекар на Данска, Мортен Боесен, потврди дека „го загубил“ Екриксен додека лежел на теренот и единствена опција била реанимација.

„Ја започнавме реанимацијата и успеавме да го вратиме“, рече Боесен кој додаде дека не може да оцени колку билку била можноста реанимацијата воопшто да не успее

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе