Вести Македонија Топ вести

Бела куќа: Членките на НАТО треба да почнат „амбициозен пакет иницијативи“

Белата куќа соопшти дека членките на НАТО треба да почнат „амбициозен пакет иницијативи“ пред денешниот самит во Брисел, со цел да се осигура дека Алијансата ќе продолжи да ја одржува безбедноста до 2030 година, но и после тоа.

Се наведува дека 30 членки на Северноатлантската алијанса треба да го преиспитаат Стратешкиот концепт на НАТО, што вклучува став кон „агресивната политика и активности на Русија“, како и „предизвикот што Кина го поставува кон колективната безбедност, просперитет и вредностите на земји членки”.

Додадено е дека треба да се ревидираат и прашања поврзани со транснационални закани, како што се тероризам, кибер напади и климатски промени.

Белата куќа додаде дека новиот Стратешки концепт ќе биде подготвен за усвојување на Самитот на НАТО во 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе