Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Здравствената состојба на Ериксен е стабилна, префрлен во болница во Копенхаген

/

Фудбал

Сподели преку :

УЕФА потврди дека здравствената состојба на Ериксен е стабилна и е префрлен во болницва во Копенхаген. Наскоро УЕФА ќе донесе конечна одлука околу натпреварот.

Натпреварот помеѓу Данска и Финска од групата Б на Европското првенство официјално е прекинат откако Кристијан Ериксен колабираше на теренот на стадионот во Копенхаген пред крајот на првото полувреме.

Данскиот репрезентативец едноставно се струполи на теренот, по што веднаш реагираа медицинските екипи. Сцените на стадионот „Паркен“ беа страшни, бидејќи медицинските лица се  обидуваа да го реанимираат фубалерот со масажа на срцето и дефибрилатор.

Последните фотографии кобјавени на социјалните мрежи покажуваа дека Ериксен е свесен.