Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Италија ја преслуша Турција на стартот на ЕУРО 2020 (ВИДЕО)

/

Фудбал

Сподели преку :

Италија на фантастичен начин го почна Европското првенство со победа од 3-0 против Турција во 1.коло во рамки на Групата А.

„Аѕурите“ издоминираа на стадионот „Олимпико“ во Рим и сосема заслужено ги освоија трите бода. Бункерот на Турците издржа само едно полувреме, па во 53.минута Мерих Демирал си постигна автогол.

Работата на Италијанците ја завршија Чиро Имобиле во 66.минута и Лоренцо Инсиње во 79.минута.