Македонија Најважни

Макрон: Северна Македонија заслужува да ги почне преговорите без одложување

Вашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување, му порача вечерва францускиот претседател Емануел Макрон на премиерот Зоран Заев за време на заедничката изјава пред Елисејската палата во Париз.

Време е да се конкретизира ова одлука и ние ќе работиме да се најде решение за почеток на преговорите, додаде Макрон.

Премиерот Заев од своја страна му се заблагодари на Макрон, во име на Владата и граѓаните на Северна Македонија за поддршката, посочувајќи дека денешната средба ги збогатува пријателските врски меѓу двете земји, во годината кога одбележуваме 28 години од воспоставените дипломатски односи со Франција.

Посебно место во развојот на македонско-француското пријателство има и претседателот Макрон, со неговата јавна поддршка за Договорот од Преспа. Пред нас е самитот на ЕС во јуни и тој е вистинска можност за чекор напред и решение за отргнување на блокадата на нашиот европски пат. Дијалогот носи решение, истакна Заев.

Во објава на Фејсбук по средбата, Заев наведе дека станува збор за  „историски важна работна посета“ на покана на претседателот Макрон.

Инспириран од една негова изјава пред студентите во Сорбона дека во Европа лежи нашиот идентитет и дека Европа ни дава иднина, силно верувам, дека Франција може да биде мотор на проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан. За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време, наведе Заев во објавата.

Во состав на владината делегација што престојува во Париз, покрај Заев, се и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе