Вести Македонија Топ вести

За Супертрејд, РКМ, Пертинакс, Ли-Оил постапка за одземање лиценци

Транспарентност за мазутот, молк и чекање процедури за откриените неквалитетни деривати на бензиснките пумпи, регулаторна почна постапка за одземање лиценци. Владата објави 8 фирми кои работеле со мазутот не почитувајќи го законот и правилникот за квалитет. Регулаторната одлучи по извршените контроли да почне постапка за одземање лиценци на 4 трговци на големо, поради немање оперативни залихи.

За мазутот беа објавени имињата на фирмит, но иако на неколку бензински пумпи е утврдено дека точат и продаваат неквалитетни бензини, владиниот контролен тим не ги информираше граѓаните од кои деривати да се пазат, затоа што фирмите имаат право на второ и на трето супер-вештачење.

Ние мора да го почитуваме законот и на тие фирми им е дозволено да направат втора анализа, како и право на супер-вештачење и поради тоа после завршување на тие постапки ние ќе информираме целосно. Инаку извршена е контрола на вкупно 7 бензински пумпи (синџири на бензински пумпи), одговори министерот за економија Бектеши.

Николовски и Бектеши се пофалија дека досега се пишани казни од над 55 илјади евра на фирми кои увезувале несоодветен и штетен мазут. Откриени се и произведувачи на мазут од гума или отпадно масло кои добија забрани за работа. Некои фирми како Супертрејд, РКМ, Блу технолоџи или РКМ имаат по два или повеќе престапи, објави Бектеши.

Бектеши расветли и какви се објавените фотографии со примероци во тегли за кои фирмата Супертрејд тврдеше дека се од нивен мазут вратен на границата кон Бугарија и несоодветно земен од нестручни лица.

Извештајот е предаден на обвинителствоТО ЗА да бара кривични дела меѓу откриените фирми. Не беше објавено дали некој државен службеник или функционер овозможувал овој нелегален бизнис да цвета со години, но истрагата нема да сопре, тврди вицепремиерот Николовски.

Извештајот беше правен три недели, а алармот го запалија новинарски истражувања иако и претходно имаше голем број известувања во јавноста за големи еколошки ризици кои носат неквалитетните мазути и бензини.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Кос: Историски момент за обединување на Европа преку проширување, реформите се тешки, но неопходни

Дејан Дејан

Османи ги изнесе Адеми и Бектеши на кафе во Скопска Чаршија

Дејан Дејан

Кондратовиќ: ЕУ-проширување кон западен Балкан- моќна алатка против руските влијанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе