Вести Македонија Топ вести

На охридските плажи се уриваат нелегалните градби

Под силно полициско обезбедување денеска почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид.

Се отстранува и демонитира платформата во езерото пред „Куба Либре“, една од најатрактивне плажи и локации на исотчниот брег на Охридското Езеро. Уште пред една седмица во близина на неколкуте плажи зад мостот на Студенчишкиот канал кај Охрид беше распоредена механизација, а вчера сите објекти во тој дел беа искучени од системот за нанпојување со елњектрична енергија. Градоначалникот на Охрид најави дека ќе се отстрануваат сите нелегални објекти и градби од сите плажи на кои им се истечените договорите за концесија, вклучувајчќи ги и петте што влегуваат во опфатот на ГУП-от. За денешната акција од општината велат дека повеќе нема да биде толерирано нелегално работење и остварување на бизнис интереси на поединечни фирми. Се нагласува дека субјектите што работат на плажи треба да престанат да извршуваат угостителска дејност надвор од законските процедури и да пристапат кон затворање на локалите.

Во најновиот извештај на УНЕСКО се вели дека Охридкосто крајбрежје ги исполнува сите услови да биде ставен на листата светско наследство во опасност. Заклучоците на реактивната монитроинг група на УНЕСКО кон крајот на 2020-та ги констатирал истите еколошки и урбанистички аномалии како и пред 4 години. Разликата од претходниот до сегашниот извештај е што властите биле пребавни во уривањето на дивоградбите, или не сториле ништо по препораките.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе