Македонија Топ вести

Пратениците се вратија во старата сала-новинарите мора да прикажат сертификат за вакцинација

По 8 месеци пратениците ја одржааа првата седница на новиот парламентарен состав во старата сала. Но најголемиот дел од новинарите останаа зад вратите на галеријата. За да може да присуствуваат отсега натаму медиумите мора да прикажат сертификат за целосна вакцинација. Пратениците се надеваат дека ваквата состојба набрзо ќе биде разрешена.

Собраниската сала полна, галеријата празна без новинари и сниматели.Медиумите не беа информирани дека за влез мора да покажат сертификат за вакцинација.Па така првата седница на новиот парламентарен состав во старата сала помина само со присуство на пратениците.

За пратениците преминот од една во друга сала е голем чин. Се чувствуваат безбедно затоа што се вакцинирани речиси 98% .Се надеваат дека сега ќе бидат попрудуктивни и конструктивни.

Денешната седница помина без дебати и реплики. На деневен ред беа повеќе закони по скратена постапка.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе