Вести Македонија Најважни

Нема хоспитализации од ковид во изминатите 24 часа

Во последните 24 часа во ковид-центрите во Скопје не се хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Од министерството за здравство соопштија дека во моментов во главниот град се лекуваат 46 пациенти од кои најголем дел се на Инфективната клиника – 25.

Во Градската општа болница „8 Септември“ има 14, а на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7.

Во болниците во другите градови, пак, се хоспитализирани 80 ковид-пациенти. Најмногу има во кумановската болница – 15, а во битолската и велешката има по 10.

Во болниците во Штип, Струмица и Гостивар се хоспитализирани по 9, во Охрид и Струга по 5, Прилеп 5, Тетово и Кичево по 2, а во Кавадарци и Гевгелија нема пациенти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Украина може на долг рок да ја надмине Русија во производството на високотехнолошко оружје

Дејан Дејан

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош

Дејан Дејан

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе