Оптимално се користат сите ресурси за вакцинирање, вели Жаклина Чагороска, советник во „Мој термин“. Во вечерашната Топ Тема, Чагороска рече дека постои застој во вакцинацијата, но се очекуваат нови дози со што ќе се интензивира темпото. Сегашниот систем на организација по регионални пунктови ќе остане, бидејќи тој е оптимален, и според расположливите кадри, и според потребите на одржување на т.н ладен ланец.
Оние кои имаат потреба да се вакцинираат во домашни услови можат да се пријават во трите вакцинални пунктови во Скопје или преку нивниот матичен лекар. Доколку имаат покана за вакцинација, а им е потребна теренска вакцинација, можат истото да го пријават и по направената проценка ќе бидат имунизирани.