Вести Македонија Топ вести

Од Скопје до Москва за 125 евра

Воздухоплов од типот Боинг 737-800, со капацитет од 189 седишта, попладнево во 16:50 часот пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје со што и официјално е воспоставена директната нова редовна линија Москва – Скопје на која сообраќа руската авиокомпанија  „Нордвинд ерлаинс“.

Летот траеше 3 часа и 25 минути. Засега директната линија ќе биде еднаш неделно, во петок, но „Нордвинд“ планира дополнителни два лета неделно, односно авионот Москва-Скопје да сообраќаат три пати неделно.

-Ова е прва воздушна линија и директно поврзување меѓу главните градови на Северна Македонија и Русија по 20-ина години. Почнувајќи од денеска „Нордвинд“, ќе лета еднаш неделно, секој паток од Меѓународниот аеродром „Шеремјетво“ во Москва до Меѓународниот аеродром во Скопје. Оваа авиолинија ги обновуваме можностите за унапредување на соработката во економијата, инвестициите, туризмот и културните врски меѓу двете земји, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по слетувањето на авионот.

Тој, како што рече, е убеден дека директната линија Москва – Скопје ќе отвори нови перспективи меѓу двете земји. Според него, најавени се летовите до Барселона, Малта, Ларнака, Париз, Осло, Милано, Тревизо и Рим.

Отворањето на новата авиолинија ја поздрави и директорот на ТАВ Македонија, Метин Батак. Според него, новата авиолинија Скопје – Москва е и прва авионска врска со Источна Европа.

-Во време кога авијацијата на глобално ниво трпи од КОВИД – кризата влезот на „Нордвинд“ на македонскиот пазар е сигнал дека доаѓаат подобри денови. Се надеваме дека патниците од Русија ќе ја откријат Северна Македонија како нова дестинација за патување, додека Македонците ќе ја искористат можноста да ја посетат Москва, еден од најголемите главни градови во светот со пејзажи како од бајките, богата историја и култура. Летовите меѓу двата града сигурно ќе ги унапредат и деловните односи меѓу двете земји, напомена директорот.

Претставникот на „Нордвинд“ Глеб Богданов напомена дека има голем интерес за новата директна линија Скопје-Москва, а дополнително атрактивен го прави овој лет, како што рече, тоа што во земјава не се потребни визи за руските граѓани.

На отворањето на новата авиолинија присуствуваше и рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе