Македонија

Заев тврди дека јавноста знае кој увезува и продава штетен мазут-само тетовска фирма доби забрана да продава сопствен нелегален производ

Тетовската фирма која во погон во Тетекс без лиценца произведува мазут со преработување на отпадни масла добила забрана за трговија, потврдија за Телма, извори од актуелната истрага за квалитетот на дериватите, мазутите и масла кои се користат за горење во држават.

Досега се проверени седум фирми, дали имаат соодветни документи и оригинални декларации за увоз, како и дали нивните производи се во сообразност со правилникот. Еден од извештаите е готов, ќе биде доставен до влада во понеделник.

Во меѓувреме владата одлучи и наложи на Бирото за метрологија да склучи договор со фирма за земање на примероци од деривати кои потоа ќе се анализираат. И во текот на минатите три недели веќе се правеа анализи, а нема подетално објаснување зошто сега се бара фирма за земање примероци.

Премиерот Заев вели дека јавноста треба да се стрпи до вторник кога ќе биде подготвен и презентиран извештајот иако и досега има информации кој згрешил и го загрозувал здравјето на граѓаните.

Според информациите на емисијата КОД, недостатоците се откриени во увозни горива на три компании РКМ, Евро-тим и Супер трејд. Во емисијата исто така беше објавено дека тетовската фирма „Блу енерџи“ иако нема лиценца за производство на мазут, продава низ Македонија домашно произведен мазут во фабриката Тетекс каде се преработувале отпадни масла. Истото со тетовската фирма го забележале уште во 2018-та регулаторите од комисијата за енергетика, бил известен и пазарниот инспекторат, но ништо не било преземено и продажбата на нелиценциран домашен мазут продолжила и траела до есента 2020-та.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе