Вести Свет Топ вести

Трамп не знае дали сака договор со Иран

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали сака да склучи договор со Иран за да се стави крај на војната. Зборувајќи во авионот, додека леташе назад кон Вашингтон од Флорида, Трамп ги кажа условите за потенцијален договор.

-Не знам дали сакам да склучам договор (со Иран) бидејќи знаете што, пред сè, никој дури  и не знае со кого си имате работа бидејќи поголемиот дел од нивното раководство се убиени, како што знаете, па дури и не знам дека сакаме да склучиме договор, изјави Трамп.

Ова доаѓа во време кога претседателот на САД побара од околу седум земји да испратат воени бродови за да го одржат отворен Ормутскиот теснец.

Неговите апели досега не донесоа никакви обврски, бидејќи цените на нафтата растат за време на војната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопственик на фирма затаил данок од 3,8 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Аневска: Три дена не сме забележале колиформни бактерии во водата во Гостивар, ниту концентрација на трихалометани над дозволената граница поради хиперхлорирањето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе