Македонија Топ вести

Застој во МВР за регистарски таблици и лични документи

Веќе трет месец, сопствениците кои купиле нови возила или пак, вршат пререгистрација чекаат со недели за да добијат регистарски таблици. За лична карта,пак, најраниот термин што може да се добие е почетокот на јули. Што се случува во МВР? За табличките министерот вели – имало мал застој, но е отстранет.

По повеќе од две децении, е  прекината соработката на МВР со “Раде Кончар”.  Договорот, според министерството, бил временски истечен и вредносно истрошен. Редовната постапка за набавка е обжалена од раководството на фирмата и се чека на решение. Дали ќе им биде прифатена жалбата, одлучува Комисијата за жалби при јавни набавки.Во меѓувреме е спроведена итна постапка, за да се обезбедат таблици до завршувањето на редовната постапка, на која е избран економскиот оператор „Квантум„ од Скопје, кој настапува како група на понудувачи со оператор од Германија.

Застојот при издавањето на лични карти, пак, според министерот, се должи на стивнувањето на пандемијата.

На тие од дијаспората, на кои им истекуваат личните карти до 30 јуни, им е продолжен рокот на важност до Нова година. Во меѓувреме, поради надградба на системот за лични документи, од 11-ти јуни попладне до 15-ти јуни нема да се примаат и издаваат документи во Скопје.Роковите се поместени и граѓаните ќе треба да ги достават или подигнат документите порано.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Некрофилски се мотивите на серискиот убиец од Старо Нагоричане, тврди обвинителството – тој негира вина

Sasko Dimovski

Организатори на „Разговори за иднината“ до Филипче: На несериозни покани не одговараме

Sasko Dimovski

Две третини од парите за самовработување во само пет града

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе