Вести Македонија Најважни

Заев: Бугарија има уставна можност да носи одлуки и за време на техничка влада

Во МНР се разгледува патоказот кој треба да даде точни насоки како ќе се исполнува Договорот со Бугарија, на кој инсистира официјална Софија за да се одблокираат македонските евроинтеграции. Премиерот Заев е оптимист дека Бугарија и за време на техничка Влада може да носи одлуки за одблокирање и одржување на првата меѓувладина конференција. Компромисот според него е патоказ каде сите страни ќе преземат одговорност по сектори.

И додека Заев очекува деблокада, лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски предупредува дека се водат тајни преговори за национално предвство. Според неговите информации добиени од дипломатски извори се нудела декларација усвоена од бугарскиот парламент која би станала дел од преговарачката рамка со ЕУ. Дел од документот на бугарското Собрание се оспорување на генезата и посебноста на македонскиот јазик, ревизија на историјата и периодот на антифашистичката борба како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски. Дуото Заев-Бучкоски планира сето ова да биде потпишано од нив, без да има расправа и усвојување на документот во македоснкито Парламент, пишува Мицкоски на својот фб профил.

Моите информации говорат дека сето ова, дуото Заев-Бучковски планира да биде потпишано од нив, без да има расправа и усвојување на документот во Собранието на Македонија. Затоа треба да бидеме подготвени за одбрана на македонскиот идентитет како составен дел од европските вредности, и да не дозволиме. Да бидеме подготвени за блокади и масовни протести! Нема преминување на црвените линии!

Пред десетина дена португалското претседателство со ЕУ ги посети двете земји и им испорача можно решение кое би ги отстранило пречките за почнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе