Вести Македонија Топ вести

181 работодавач злоупотребиле 196.000 евра – без плата оставиле 753 работници

Вкупно 181 работодавач злоупотребиле 196.000 евра од финансиската помош од државата за исплата на плати за февруари или март. Без плата оставиле  753 работници. Од нив 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеци- соопшти Управата за Јавни приходи. Компаниите добиле опомени, а УЈП најавува присилна наплата ако не ги исплатат платите во наведениот рок. Нив им се заканува и казна од 500 до 10.000 евра во зависност од големината на компанијата. Листата со имињата на компаниите и овојпат ќе се достави до Генералниот секретаријат на Владата, кој пак ќе треба да ја препрати до Обвинителството. Директорката на УЈП Лукаревска кажа дека во тек се засилени контроли кај оние работодавачи кои  ја злоупотребија државнaта помош за плати и минатата година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе