Да профункционира новоформираната Комисија за заштита и спречување дискриминација, а и МВР да се вклучи во санкционирањето на говорот на омраза кон ЛГБТ заедницата , беше речено на вечерашното отворање на „Скопје Викенд на гордоста“
Во овој месец кога е „ Месецот на гордоста“, во кој, особено социјалните медиуми на интернет се преплавени со говор на омраза, кој што е застрашувачки.И овде мора како МВР, а особено одделението за електронски криминал да се вклучат активно во борбата и во санкционирањет на говорот на омраза , кој што може да репродуцира насилство во општеството против една така маргинализирана заедница, вели Славчо Димитров, куратор на „ Скопје Викенд на гордоста“.
Деветиот „Викенд на гордоста“ беше отворен со ретроспективната изложба „Заслепен од љубов“, на италијанскиот визуелен уметник со лондонска адреса, Франко Б. Тој го користи телото како метафора за општествената борба, креирајќи прикази за личното, политичкото и поетското.Поради здравствени проблеми уметникот не дојде во Скопје, но утре , во рамките на фестивалот ќе одржи онлајн предавање за неговата кариера.
Темата на ова издание на „Викенд на гордоста“ е „Настрано заедничко: политики на пријателство, љубов и афекти“.
Сакавме да го ставиме прашањето на заедничкото и на заедничките добра во фокусот на културните, воопшто и на политичките движења и стратегии на сексуалните и на родовите малцинската. Но, воопшто и како една лева политичка стратегија , која што ќе биде критички преиспитана, вели Димитров.
Фестивалската програма ќе трае до 9 јуни. Вклучува перформанси, современ танц ,предавање, музичка програма и изложба, со странски и домашни уметници. Покрај МСУ, настаните ќе се одржат во КСП-Јадро и во центарот Шортбас.
Сотир Трајков