Министерот Филипче утрово се сретнал со семејството на 40 годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи.
Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на 10 месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест,никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне, напиша Филипче на Фејсбук.
Состојбата на пациентката на која и беше трансплантирано срцето од починатата е стабилна. Операцијата беше извршена во неделата. Траеше пет часа, а донираното срце беше трансплантирано кај 39-годишна пациентка, со што е трета трансплантација на срце во нашата земја.