Алијанса-Алтернатива го повлекува предлогот за добивање државјанство со изјави на тројца сведоци. Ќе биде потребно приложување некаков документ како доказ дека лицето имало одредени образовни, имотни или други активности во земјава. Неофицијално, овие предлози се дел од десетината амандмани на законот што опозициската коалиција ќе ги достави прво до матичната Комисија за одбрана. Бараат да не се одолговлекува бидејќи голем број лица со нетрпение го чекаат законот.
ВМРО-ДПМНЕ побара пред амандманската расправа да се одржи јавна расправа, но власта го отфрли предлогот како неделовнички.
Изменетиот закон за државјанство е во процедура неколку месеци. Откако Владата изнесе негативно мислење, Алијанса-Алтернатива достави илјадници амандмани со кои блокираше десетици закони, меѓу кои и оние за санирање на пандемиските последици. Амандманите произлегоа од лидерската средба со СДСМ. Се проценува дека овој закон би го решил државниот статус на неколку илјади граѓани.
Соња Николовска