Вести Македонија Топ вести

Наредните денови средби со бугарските министри

Критериумите за почнување преговори со Европската унија се исполнети. На потег се земјите членки кои треба да го заштитат процесот на проширување. Со ваков став, македонската страна ја очекува средбата со бугарските власти, што треба да се одржи нареднава недела на граничен премин меѓу двете земји.

Министерот Бујар Османи, кој треба да се сретне со својот бугарски колега, вели дека не сака да ги подигне очекувањата, но верува дека јуни нуди голема шанса. Португалскиот предлог го смета за креативно решение со сенс за сите три страни, вкулучувајќи ја и онаа на земјите членки, зашто тоа што ќе се постави како модел со нас, може да отвори големи проблеми имајќи предвид колку билатерални прашања има во регионот.

Владеачката СДСМ ги поздравува позитивните сигнали. Смета дека и како партија и како Влада сториле многу во унтегративниот процес.

Хрватска би сакала Македонија да ги отвори преговорите со Унијата уште за време на португалското претседателство, вели амбасадорката Нивес Тигањ во интервју за МИА.

Северна Македонија спроведе бројни реформи, а некои беа навистина болни. Затоа заслужува отварање преговори што е можно побрзо. Истовремено, го поттикнува продолжувањето на дијалогот со Бугарија… И Хрватска имаше билатерална пречка на евроинтеграцискиот пат, но имаше политички консензус  и сила за изнаоѓање компромисно решение.

Вчера, премиерот Заев најави средба со бугарскиот колега Стефан Јанев. Оваа погранична средба е можност за обновување на дијалогот и за отстранување на пречките за почнување на преговорите со Унијата. Нашата Влада е уверена дека овие обновени конекции со Бугарија може да дадат резултати.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе