Вести Македонија

Втор протест за ослободување на осудените за „27-ми април“

„Бараме од Врховниот суд да ги укине пресудите, да го поништи судењето и да има ново судење бидејќи пресудите се базираат на лажни сведочења. Бараме оставка на Владата, распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори“. Ова се дел од барањата од Декларацијата која беше прочитана на вечерашниот протест кој заврши пред Собранието, а на кој присусвуваа неколку илјади граѓани.  Обвиненијата за тероризам на осудените за „27 април”, според организаторите на протестот, се политички монтирани.

Протестот го организираа македонските заедници и организации од дијаспората, а го поддржаа дел од опозициските партии меѓу кои ВМРО-ДПМНЕ. Присутен беше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, кој на новинарите им рече

„Уставобранителите се осудени за тоа што го нарачал Заев, а наградата за Кацарска е Уставниот суд. Процесот мора да се врати отпочеток и да не си игра Заев со трпението на народот“.

За СДСМ, присуството на Мицкоски на протестот е затоа што „неговите хипотеки се големи штом мора секој ден да брани криминалци и насилници„. 

Тоа што луѓето кои на 27 април насилно упаднаа во Собранието, се обидоа да убијат пратеници и да го загрозат уставниот поредок Мицкоски ги брани и ги нарекува уставобранители е доказ дека овој човек е цврсто застанат зад насилството и криминалот, на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, соопштија од сдсм.

Ова е втор протест во организација на македонски заедници и организации од дијаспората за поддршка на осудените за 27 април. Првиот беше на 25 април.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови правила за организирање игри на среќа – се воведуваат задолжителни дозволи и плаќање надоместок од 18 проценти од вкупниот награден фонд

Дејан Дејан

Сончево време со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 10.7.2026

meteo

Oд дискриминација при распределување на средства, фаворизирање адвокат, местење тендери, па се до фиктивни исплати – Ревизија ја оцени најлошо Агенцијата за вработување

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе