Лошата патна инфраструктура со свиоци и постојано одрони од Делчево до Кочани ги амортизира возилата на Итната медицинска помош. Делчево и Македонска Каменица имаат по две возила за итна помош. Здравствените работници и возачите на амбулантни возила секојднево патот долг стотина километри до Штип или Скопје го поминуваат и по неколку пати.
Глигоровска вели дека нови возила од министерството за здравство очекувале лани, но поради пренасочување на средствата за набавка на медицински материјали и опрема за битката со коронавирусот, овој проект е стопиран. Се надева дека со стивнувањето на пандемијата, здравствените домови и болниците ќе ги добијат амбулантните возила. Токму оваа исцрпувачка борба со коронавирусот за здравствените работници, беше причина и за одложување и на специјализациите на тројца лекари.
Глигоровска очекува дека веќе во септември лекарите ќе заминат на специјализации, кои им се потребни на пациентите од крајниот исток.
Викторија Јованова