Македонија Топ вести

Како бизнисмен не би купил ништо скапо и некорисно, но за Заев софтверот на Рашковски е корисен

Како бизнисмен не би купил нешто скапо што нема да го користи, но софтверот на Рашковски, за премиерот не е непотребна инвестиција. Вели дека, е  апсолутно нешто што е потребно за државата и со одлука на Влада, можат да го наметнат на која било институција.

Тоа што со денови покажува отворена недоверба во Обвинителството за организиран криминал и Вилма Русковска за случајот Рашковски, за Заев не е  притисок врз правосудството, туку слобода на говор.

Заев денеска откри и дека, со опозицијата се разговара за неколку нови изборни модели. Мнозинскиот модел, кој го бара опозицијата, за него е уназадување. СДСм се за една изборна единица, а ДУИ првин предложиле три, па потоа осум изборни единици. За локалните избори, од опозицијата предложиле и еден круг за избор на градоначалник, со цензус од 30 отсто од вкупнот број гласачи. Мнозинството, пак, предлага отворени листи. Премиерот се надева дека до изборните рокови ќе се постигне барем делумен консензус за дел од овие прашања.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Шанса за Центар“ алармира: Нов ДУП за Барутана носи ризик од ерозија на Водно

Tea Dimkovska

Пожар се шири на Исарот во Штип

Sonja Petrusevska

Со возило ја скршил влезната порта a потоа физички ја нападнал жена му – гостиварец дивеел во домот на родителите на неговата сопруга

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе