Вести Македонија

Радев: Сите сакаме да ги видиме Македонија и Албанија на нивниот европски пат

Претседателот Серџио Матарела е целосно солидарен со нашиот став за пристапување на Република Северна Македонија и Албанија во Европската Унија. Ова го изјави претседателот на Бугарија Румен Радев по неговата средба со италијански колега во Рим. Додаде дека сите сакаат да ги видат двете земји на нивниот европски пат што е можно поскоро.

Јас многу јасно ја објаснив бугарската позиција дека ќе напредуваме кога самите земји ќе покажат јасно и неповратно дека ги исполнуваат критериумите. Во моментов, бугарската влада работи напорно со владата на РСМ и наскоро Бугарија ќе донира значителна количина вакцини, рече Румен Радев.

Со претседателот Пендаровски разгледувале идеја да се поканат ученици и студенти од Макеодонија да минат дел од одморот заедно со деца од Бугарија. Заедно со наставниците  би имале образовна и хуманитарна програма.

Ако успееме тоа да го постигнеме ќе се направи најважниот чекор за надминување на децениска пропаганда со инсинуации и спротиставувања меѓу двете држави. Ако ги собереме нашите млади луѓе заедно, сигурен сум дека тоа ќе неутрализира какви било пропаганди, нагласи Радев.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Шанса за Центар“ алармира: Нов ДУП за Барутана носи ризик од ерозија на Водно

Tea Dimkovska

Пожар се шири на Исарот во Штип

Sonja Petrusevska

Со возило ја скршил влезната порта a потоа физички ја нападнал жена му – гостиварец дивеел во домот на родителите на неговата сопруга

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе