Македонија Најважни

Радев: Решението на спорот не е во европските метрополи па тие да вршат притисок врз Софија

Бугарскиот претседател Румен Радев, денеска изјави дека Македонија и Бугарија немаат потреба од псоредници за решавањето на спорот, кој според него треба да се решава врз основа на историските документи.

Во изјавата дадена за новинарските екипи во Рим, каде заедно со македонскиот претседател , Стево Пендаровски, учествува во прославата на денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, Радев потенцираше дека решавачките чекори за надминување на спорот не може да ги донесат европските престолнини па од таму да се врши притисок врз бугарските власти.

“Немаме потреба од посредници, никој подобро од нас не ја знае нашата историја. Од нас зависи, од конструктивен дијалог врз основа на историски документи и извори. Комисијата ќе работи, ние мора на политичко ниво да ги направиме неопходните чекори. Овие чекори не поминуваат низ другите европски метрополи и оттаму за да се изврши притисок врз Бугарија – во никој случај. Вистинскиот чекор е еден – во Софија. Тогаш сите проблеми ќе бидат решени. Ние мора да најдеме одржливо решение” – изјави Радев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Шанса за Центар“ алармира: Нов ДУП за Барутана носи ризик од ерозија на Водно

Tea Dimkovska

Пожар се шири на Исарот во Штип

Sonja Petrusevska

Со возило ја скршил влезната порта a потоа физички ја нападнал жена му – гостиварец дивеел во домот на родителите на неговата сопруга

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе