Француската фармацевтска група Санофи соопшти дека нејзината вакцина развиена со британската компанија ГлаксоСмитКлајн влегува во последната фаза од клиничките испитувања, односно тестирање врз луѓе, јави дописникот на МИА.
Француската лабораторија соопшти дека почнува со големи испитувања за нејзиниот главен проект за вакцини против Ковид-19. Двете компании сметаат лансирање на овој производ по крајот на 2021 година со неколку месеци на доцнење.
Тестот ќе биде спроведен со околу 35.000 луѓе во повеќе земји, вклучувајќи ги и САД. Доколку резултатите се поволни, „Санофи“, кој веќе го подготвува производството на оваа вакцина, смета на одобрување од главните здравствени власти во четвртиот квартал.
Вакцината на Санофи е рекомбинантна протеинска вакцина, технологија различна од веќе одобрените вакцини, но веќе користена од Санофи во својата вакцина против сезонскиот грип.
