Вести Македонија Топ вести

„Безбеден град“ доаѓа во Охрид и Струга со 40 камери

Во Охрид и Струга ќе се постават вкупно 40 сообраќајни камери како дел од системот „Безбеден град“. Системот има за цел да го зголеми редот на патиштата и да ја подобри безбедноста преку детекција на прекршоци.

Четири камери веќе се поставени на автопатската делница Охрид–Кичево, меѓу селата Горенци, Требеништа, Ботун и Ново Село, но засега не издаваат казни бидејќи се во фаза на техничко тестирање.

Од СВР Охрид посочуваат дека системот ќе придонесе кон намалување на сообраќајните незгоди и последиците по учесниците во сообраќајот, особено пред почетокот на летната туристичка сезона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелскиот министер Кац со порака доТехеран: Доколку Иран се обиде да го нападне Израел ние ќе возвратиме со голема сила

Дејан Дејан

„Оставка!“ „Ова не е Москва!“ протести во Софија против владата на Румен Радев

Дејан Дејан

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе