Македонија Најважни

Рот оптимист за јуни, Димитров не сака да ги подгрева очекувањата

Постои шанса за решение во јуни кое може да биде прифатено и од Македонија и од Бугарија, на што активно работи Португалија. Со овие зборови германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, допатува денеска во Скопје за лично да им каже на како што ги нарече, драгите Македонци, дека Германија е на нивна страна, но и со барање да бидат трпеливи, смирени и да не дозволат да бидат испровоцирани во последните напори за постигнување решение за старт на преговорите во јуни.

„Останувам оптимист дека ќе успееме во тоа. Она што ни е потребно сега е свест за одговорност, тоа што сега ни е потребно е храброст, она што сега ни е потребно е да се држиме заедно. И за мене, тоа е повеќе од само ветување“, порача Рот.

Рот потврди дека спогодбата која за време на германското претседавање била постигната во Берлин за отворените билатерални прашања меѓу двете земји е основата на која Португалија го модифицирала својот сегашен предлог за решение.

„Португалците работат многу ангажирано на пронаѓање на решение и се надевам дека ќе наидат на одговор. Но многу е важно владите, вашата влада, да има доверба за да може овој мост кој што треба да го изградиме, стабилен и храбар мост, да може да издржи и во следните години. Сега имаме еден прозорец на можности се уште отворен. Ние сакаме на 22 јуни оваа година во Советот да постигнеме успех. Ние работиме на тоа“, рече Рот.

Неговиот домаќин вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитов, пак пиоумерен во оптимизмот. Тој иако смета дека предлогото од Португалија е добра основа за решение, со добра волја од двете страни, сепак не сака да ги подгрева надежите.

„Наше е да не дигаме раце, да се обидеме, но притоа да не создадеме преголеми очекувања. Треба да работиме на резултат, а не на подигнување на очекувањата. Се надевам дека оваа можност што сега се наѕира ќе ја искористиме, но морам да кажам дека се не зависи од нас. Ни треба таков сличен приод и од другата страна“, рече Димитров.

За гаранциите кои ги побара Бугарија за да го крене ветото и што е она што во тој контекст Македонија може да ѝ го гарантира на Софија, Димитров не сакаше многу да открива, но се осврна на заедничките интереси, добрососедство и пријателство, како и на имплементација на Договорот за добрососедство.

„Така што гаранции на било кои од овие елеметни, на соодветен начин што нема да допрат во тоа што е наша работа, бидејќи добрососедството се разбира е двонасочна улица и тоа подразбира почит кон другиот, почит кон соседот. Тука е и нашето право на идентитете и т.н. и тоа е наше право, и тоа е европски принцип“, рече Димитров.

Рот кој денеска разговараше и со премиерот Зоран Заев, за време на дводневната посета на земјава најави средби и со граѓанското општество, но и со опозицијата, при што порача дека кавгата е дел од динамичната демократија, но оти во ситуација во која во моментов се наоѓа Македонија на европскиот пат потребно е минимум подготвеност за компромис и консензус во општеството, но и меѓу владата и опозицијата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе