Македонија

Царовска: Реформите во образованието  мора да се случуваат

Откако еднаш беа одбиени од собраниските комисии поради некомплетна документација, родителите од иницијативата „ Учебници и настава мора да има“, со собрани околу 300 потписи, денеска  до Собранието повторно поднесоа иницијатива за одржување референдум за Предлог- Законот за учебници во основно и средно образование, кој предвидува воведување дигитална настава, планирана да започне од септември во четврто одделение.

Од иницијативата се противат и вечерва повторно ќе протестираат во повеќе градови низ државата. Тие сметаат дека дигиталните книги ќе ги уназадат учениците и дека секаде во светот каде овој образовен модел бил применуван, по 2 години повторно бил заменет со печатени книги, кои ги препорачуваат и наште психолози. А, министерката Царовска најави дека планираните реформи во образованието мора да се случат, за да бидат младите генерации подготвени за предизвиците на новото и современо живеење и дека подготовките се веќе во тек.

  • Припремите за почеток во прво и четврто одделение по нови наставни програми и мореднизација на образованието течат во континуитет. Реформите мора да се случуваат . Промени во образованието мора да има. Затоа што ако вака тапкаме во место уште 2, 5, или 7 години, го губиме можниот потенцијал , кој што сега ако започнеме, можеме да го создадеме за период од 5, 7 и 15 години, кога реално можеме да очекуваме учениците сега што влегуваат во основно образование, понатаму да излезат како попродуктивни граѓани, кои што ќе бидат обучени за новото и современо живеење – Мила Царовска- министерка за образование.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието го усвои новиот Закон за парнична постапка

Tea Dimkovska

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во јуни отстранети 6.165 кубни метри отпад од диви депонии

Tea Dimkovska

Манасиевски: Венко Заев и Апасиев со синхронизирана блокада на Изборниот законик, работат против правото на дијаспората да гласа поради страв од уште поголем пораз

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе