„Оперативно разговорите помеѓу двете наши земји ги водат владите, така ќе биде и понматаму, ние сме тука ако можеме да ја релаксираме атмосферата и да говориме за проблемот кој постои последнава година на еден поинаков јазик. Мислам дека е потребно да направиме обнова на довербата и како пријатели да разговараме и за најтешките прашања“, рече претседателот Пендаровски по средбата со бугарскиот колега Радев, која се одржа на аеродромот во Скопје.
„Заедничкото патување во Рим е прекрасен повод да го обновиме дијалогот меѓу нашите две земји на највисоко ниво и да ја изразиме нашата заедничка волја за развој на нашите односи во духот на пријателството и соработката.“, истакна Радев.
Пендаровски и Радев потоа заедно, со авионот на бугарскиот претседател ќе заминат во Рим каде ќе ја посетат базиликата “Санта Марија Маџоре”, каде заеднички ќе им оддадат почит на светите браќа Кирил и Методиј.