Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Протест против распродажба на земјоделско земјиште во државна сопственост

/

Македонија

Сподели преку :

Граѓански организации попладнево на протест пред Владата побараа државата да се откаже од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост. Сметаат дека носењето на таков Закон е само во корист на големите и моќни инвеститори, а не и на обичниот земјоделец.

Претходно од Владата ја бранеа идејата за ваквиот закон заради тоа што сметаат дека инвеститорите ќе бидат поттикнати повеќе да вложуваат ако тие го поседуваат земјиштето.

За јавноста спорно е тоа што ваквиот закон предвидува и можност за легализирање на земјоделското земјиште како градежно, по десет години.

Jumbo 2