Македонија

Владата одлучи да го раскине договорот со „Инвока“ за софтверот за полагање испити

Владата на денешната 72 седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата од раскинување на Договорот од 28.2.2020 година за групна набавка и Договорот за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции од 11.8.2020 склучен со друштвото „Инвока гроуп“,  ДООЕЛ-Скопје, информира владината Прес-служба.

Притоа беше задолжен Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија да го раскине Договорот за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции склучен со друштвото „Инвока гроуп“, ДООЕЛ-Скопје, со задолжение согласно Законот за јавни набавки да се побара од Бирото за јавни набавки согласност за спроведување на постапка со преговарање без јавен оглас и да склучи договор со оператор со времетраење до завршување на редовната постапка за јавна набавка и склучување на нов договор за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции, се наведува во соопштението.

Покрај ова, Генералниот секретаријат на Владата е задолжен по раскинување на Договорот да започне со редовна постапка за јавна набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции и да склучи нов Договор за групна набавка и да ги извести министерствата за правда, за внатрешни работи, за економија, за транспорт и врски, за труд и социјална политика и за животна средина и просторно планирање, Комисија за хартии од вредност, агенците за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и за катастар на недвижности, Царинската управа, Инспекциски совет и Академија за судии и јавни обвинители, дека договорот со „Инвока гроуп“, ДООЕЛ Скопје е раскинат и за постапката по заклучоците да ја информира Владата на Република Северна Македонија.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за основање на меѓуинституционална работна група заради унапредување на договорната соработка, во која членуваат претставници на органите на државната управа во Република Северна Македонија и од самостојните органи на државната управа кои што учествуваат во усогласување на меѓународни договори чија основна задача ќе биде координација и поддршка на активностите насочени кон склучување и влегување во сила на меѓународните договори заради зголемување на договорната соработка со другите субјекти на меѓународното право. Целта е, придонесување кон финализирање и склучување на меѓународните договори за кои е иницирана постапка за усогласување и унапредување на соработката на Република Северна Македонија во различни области, што ќе придонесе кон зголемување на угледот на Република Северна Македонија во меѓународните односи, се наведува во соопштението.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиски препукувања за изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Невработените од земјава, младите до 29 години до денеска можат да се пријават на огласот за добивање грант за самовработување

Kristina Kuzmanovski

Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе