Викендови чешмите им останаа суви на околу 1.000 жители од штипската проградска населба Стар Карорман. Според анализите на комуналното претпријатие „Исар“, големата потрошувачка се јавила поради кражби на вода, но и нерационалното трошење за полевање на пластениците. Од утринава четири екипи се на терен и бараат диви приклучоци.
Граѓаните пак тврдат дека земјоделските култури ги наводнуават од сопствените бунари, а се пожалија и оти водата не им е техничка исправна.
Загубите на водата и дивите приклучоци се најголемите проблеми на комуналните претпријатија. Вакви акции ќе има во наредниот период, а крадците на вода можат се соочат и со затворска казна.
Викторија Јованова
