Македонија

Забрчанец пред ООН: Преку транспарентност и брзо информирање се спротивставуваме на дезинформаторите 

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија, Марјан Забрчанец, преку видео обраќање учествуваше на Тематската дебата на високо ниво на Обединетите нации, за дигитална соработка и поврзување.

Дебатата на членките на ООН се случи во светло на итните потреби за адресирање на дигиталниот јаз и потребата за дигитална соработка и поврзување во светот, со цел адаптација на пандемијата КОВИД-19 и имплементација на стратегиите за излез.

„Да се лаже е срамно. Да се разоткрива лагата е храбро. Дезинформациите денес се најголемиот поткопувач на демократските и на реформските процеси во светот. Пара-вестите имаат цел да ги поткопаат владеењето на правото, политичката стабилност, да создаваат омраза меѓу луѓето и народите, да корумпираат и да влијаат врз новинарите и да ја намалуваат довербата во владите. Тоа е оружје во рацете за регресивните сили и пропагаторите на хомофобија, на антиваксерство, на национализам и на секакви други форми на радикализам. Од политички до верски и идеолошки“, рече Забрчанец.

Националниот координатор Забрчанец се осврна на важноста на борбата со дезинформациите, потребата од будност и за заедничка соработка на сите земји членки на Обединетите нации, како и потребата од споделување искуства, обединување и силно спротивставување кон дезинформаторите кои се закана за демократиите во светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДУИ ќе протестира за заштита на Охридскиот рамковен договор

Kristina Kuzmanovski

(живо) Судењето за случајот „Адитив“ влегува во завршна фаза

Kristina Kuzmanovski

Полицајците не помагаа кога изби пожарот во дискотеката, рекоа сведоци на судењето за „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе