Македонија

Преполни контејнери насекаде низ Тетово – градот се гуши во смет

Преполни контејнери, отпадоци, сечени гранки, делови од мебел расфрлани околу нив. Вакви слики можат да се забележат речиси насекаде во населбите во Тетово.

Слична е глетката и на влезот на Попова Шапка.

Граѓаните велат дека градот е нечист поради несовесно однесување на поединци, но и поради немањето доволно контејнери.

Порачуваат дека надлежните треба повеќе внимание да посветат на хигиената на јавните површини.

Од општина Тетово, пак, велат дека на некои места интервенираат и во два наврати во текот на денот. Со набавката на нова опрема очекуваат ублажување на проблемот.

Тетово со децении се соочува со проблеми со одлагање на сметот и со диви депонии.

Неколку години функционира претоварна станица кај тетовско Фалише, без потребните еколошки стандарди.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Атанасовски: Со реконструкцијата се измери коалициската вредност на ЗНАМ

Tea Dimkovska

Незири смета дека Влен се откажал од министерството за здравство за да го отстрани Азир Алиу

Tea Dimkovska

Кржаловски: Одбранбен механизам е тоа на секоја нова влада – ‘Удри по старата!’

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе