Македонија Топ вести

Ружин: Во дипломатијата никогаш не е се изгубено, опции постојат!

Кога дипломатијата се активира, секогаш постои надеж за решавање на некој спор, убеден е поранешниот дипломат, Нано Ружин.

Вели дека, за првпат во поновата историја на нашите проблеми со соседите, имаме одредена предност и се уште е можно да се  дојде до излез од ситуацијата.

Односно, проблемот со источниот сосед да се пресели во доменот на процесот за стабилизација и асоцијација, како еден вид на мост што нема да ги оневозможи преговорите, иако Бугарија го одби ваквиот предлог на Португалското претседателство.

Но, и  компромисот, вели Ружин,   има одредени граници и не може да го стави под знак прашалник нашиот идентитет.

Тој го поддржува покажувањето на скептицизам и индолентност од страна на политичкиот врв кон постапките на Европската унија, во смисла на тоа дека, ЕУ треба да си ги исполни ветувањата.

Доколку тоа не се случи и овојпат, Ружин смета дека сепак треба да останеме на европскиот пат, затоа што немаме други опции.

Ние, вели, не сме голема држава која може да игра улога на самодоволност или свртување кон други центри.За нас ЕУ е единствената опција.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе