На 88 годишна возраст во Скопје почина култниот камерман и снимател Ѓоко Поповски Гањо.
Неговите снимки и забележани моменти изминативе шеесетина години ги збогатуваат архивите на неколку телевизии. Работниот век го почнал во некогашната Радио телевизија Скопје и е снимателот кој прв го снимал земјотресот од 1963 година. Работел и како фотограф во Вардар филм а подоцна бил и директор на фотографија во Македонската Радио Телевизија
Со децении беше дел од телевизиски редакции и документарни екипи, а беше еден од ретките сниматели кои ги снимаше настаните со југословенскиот претседател Јосип Броз Тито.