Автоимуно воспаление на крвните садови е причината за оштетувањата на тенкото црево кај пациентката од Охрид која што почина на карил по две операции на скопските клиники.
Лекарите не можеле да ја откријат затоа што е ретко заболување кое ги оштетува мускулните зидови на тенкото црево.
„Оваа дијагноза е исклучително ретка и во голем број од случаите причината за нејзино појавување е непозната но најчесто е асоцирана кај пациенти кои имаат голем солиден тумор, лимфом, леукемија или некоја воспалителна болест. Системската форма на оваа болест, појаснуваат, според достапната литература, е асоцирана со многу тешка клиничка слика чија дијагноза е невозможно да се постави предоперативно“ – велат од клиниката за гинекологија и акушерство
Оштетувањата на тенкото црево ги констатирал хиругот на дигестивна кој ја извршил втората оепрација а според наводите на семјествоот на пациентката тие биле механички и нарпавени при прваата операција.
По барањето за одговорност случајот го превзема државниот здравствен и санитарен инспекторат кој ги доби наодите од обдукцијата, ја одзеде целата документација а сега го доби и хистопатолошкиот наод.
Но, одговор се уште нема потврди и министерот Венко Филипче.
33 годишната пациентка од Охрид три години се борела со тумор во карлицата. Било огромен, а и го извадија лекарите на ГАК.
Таму и се влоши состојбата и беше префрла на дигестивна кад е оперирана но на 9 ти мај почина на КАРИЛ, а семејството прво одби па ден потоа прифати обдукција со цел да се откријат причините за смртта.
Павле Беловски