Култура Македонија

Со “Молитва по Достоевски” битолскиот театар вечерва повторно ги отвора вратите за публиката

Битолскиот Народен театар  со премиерата  „Молитва по Достоевски“, вечерва повторно ги отвора вратите за публиката, која сепак, поради протоколите, ќе биде во ограничен број.

Претставата е музичко театарски перформанс,  колаж на делата на Достоевски,  а  на сцена ќе ги  донесат актерите Огнен Дранговски и Катерина Аневска, испреплетен  со музичка преработка на делата на  Висоцки и Окуџава во изведба на познатиот битолски бенд „Фолтин“.

Валентин Светозарев е идеен творец на приказната која ја раскажува поврзаноста на Достоевски со тајниот круг на Петрашевски, чии членови во Русија беа осудени на смрт, па помилувани.

-Тука почнува и нашата претстава. На денот кога треба да бидат стрелани 23 те осуденици, доаѓа гласник на императорот кој вика дека смртната казна се заменува со  прогонство во Сибир. Во нашата приказна тие сите се на едно место Катарга, поминуваат 5 години и му дозволуваат да направат еден концерт. Она што вие ќе го гледате е тој концерт“, рече Валентин Светозарев, сценограф во БНТ

Публиката ќе се врати во Театарот во Битола по пауза од три месеци, а се подготвува уште една премиера која е закажана за следниот месец.

„Со пандемијата сигурно дека се изгуби континуитетот и кондицијата. Но, кога ќе завршиме со премиерата ќе почнеме да ги враќаме и старите претстави.  Се повеќе луѓе од ансамблот ќе се вакцинираат и се надеваме дека ќе можеме да продолжиме со понормално темпо“, рече Иван Јерчиќ, директор на Народен театар Битола.

Со претставата, подготвена со сопствени средства,  Театарот се вклучува кон одбележувањето на 200 години од раѓањето на Достоевски.

Емилија Мисирлиевски

https://youtu.be/TuiXIb4Ayjw

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спасовски: Законот за трагедијата во Кочани е морална и институционална обврска

Дејан Дејан

Камбовски: Делегирањето на судијката од Велес ќе ја ублажи состојбата со недостиг на судии во Кочани

Дејан Дејан

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе