Граѓаните ќе ја симнуваат апликацијата на своите мобилни телефони, а матичните лекари ќе го издаваат електронскиот сертификат кој ќе содржи кју-ар код. Најавите на министерот за здравство Венко Филипче се дека од наредната недела граѓаните ќе го комплетираат Грин пас документот за патување во странство со податоци за вакцинација, ревакцинација, ПЦР тестирања или присуство на антитела во организмот.
Оваа апликација која ќе може да се симне на секој мобилен телефон, а матичните лекари ќе ја издаваат. Овој сертификат ќе може да се надградува со податоци, рече Филипче.
ПСР тест но не и руска и киенска вкацина за влез во земји од европската унија. Филипче не открива но се надева дека некои земји ќе ги променат ставовите. Сепак, станува збор за посебни одлуки на секоја земја членка на ЕУ. Додека Европа и светот ги менуваат стратегиите за вакацинирање, Македонија не отстапува од националниот план. Забрана за Астра Зенека за граѓаните под 60 години и непроменет временски период за ревакцинација со останатите вакцини.
12 илјади граѓани само вчера примиле вакцина. Најчестите проблеми на пунктовите ги создаваат поединци кои го пропуштиле својот термин. Денеска, пак, десетина минути запрела вкацинацијата додека службите за вакцинирање не ги надополнат техничките материјали за пункотвите во салата „Борис Трајковски“. Вакцинацијата продолжила откако биле донесени шприцевите. Засега 10 проценти од вкупно пријавените 345 илајди граѓани примиле и втора доза од некоја од вакцините и ќе можат да ги добијат електронските сертификати за Грин пас документот за патуивање.
Павле Беловски