Македонија Најважни

Силва и Ватхеји утре во Скопје, Португалија подготвува рамка за решавње на спорот со Бугарија

Од Делегација на ЕУ ја соопштија агендата според која утре претпладне Вархеји и Силва се во Софија каде ќе имаат средба со бугарскиот претседател Румен Радев и техничкиот премиер Јанев а попладенот во Скопје се закажни средби со претседателот Пендаровски, премиерот Заев, вицепремиерот Димитров и шефот на дипломатијата Османи.

Османи информираше дека контакт со техничката Влада во Софија е воспостставен и остана на ставот дека со нив може да се разговара. Тој доаде дека се покажаа како погрешни информациите дека за Португалија нема да биде приоритет проширувањето на Унијата и старот на преговорите на Македонија.

Амбасадорката на Германија, Анке Холштајн, потврди дека Португалија подготвува предлог но нагласи дека не ја знае содржината и додаде дека се надева на согласност од Македонија и Бугарија и конечно усогласување во пресрет на одлучувачкиот Совет за општи работи на ЕУ закажан за 22 јуни.

Премиерот Зоран Заев во вторникот го најави засилениот ангажман на Португалија за надминување на спорот со Бугарија и страт на преговорите пред работната вечера на лидерите на државите од Западен балкан со европскиот шеф на дипломатијата Жозеп Борел.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе