Македонија Најважни

Судиите за разлика од обвинителите не омекнаа на 11 милиони евра понудени од Мијалков

Судиите за разлика од обвинителите не омекнаа под двоцифрената милионска сума во евра дадена како гаранција дека екс началникот на УБК Сашо Мијалков нема да бега. Тој останува во притвор откако и покрај тоа што обвинителстовто се согласи, кривичниот суд го отфрли предлогот Мијалков да излезе од притвор во Шутка. Тој за возврат нудеше 10.871.170,00 евра.

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство, за уважување на предлогот за укинување на мерката притвор со замена – гаранција, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива како неоснован.

Судот кога ја носел одлуката земал пред вид дека Мијалков е осуден на 8 годишна казна затвор за случајот Трезор а за „Таргет – Тврдина“,на 12 години. Но судиите не му заборавиле на Мијалков дека не беше достапен за полицијата повеќе од еден ден кога му беше одреден куќен притвор, а тој се врати со образложение дека бил во изолација со Ковид симптоми. Обвинителството пред два дена доставило мислење дека не е проблем Мијалков да излезе од притворот бидејќи нуди сума од околу 11 милиони евра како гаранција. Но во судот во претходниот еден месец пристигнале две мислења од обвинителите дека не се согласуваат со гаранцијата, но тогаш таа беше за околу 4 милиони евра помала од сега понудената. Таа пак според информациите на Телма е во најголем дел во недвижности.

Мијалков е во истражниот затвор Скопје во Шутка од 23-ти февруари кога по неколкудневно мистериозно исчезнување, со потера и меѓународна потерница по него, се појави пред обвинителството да си го земе сам решението за притвор. Беше отворена истрага за ова бегство која и беше доделена на обвинителката Ленче Ристовска, а досега нема информации што е откриено и каде бил Мијалков. Екс директорот на тајната полиција има и ново обвинение, повторно по истрага на СЈО за случајот Плацеви на Водно.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе