Советот на јавни обивнители на седница ќе го разгледува известувањето од обвинителката Ленче Ристоска која бара Советот да донесе заклучок дека премиерот ја нарушил нејзината самостојност во работата. Тој во интервју за порталот вечер.мк, без ја спомне со име, ја нарекува „медиокритет“ и потврдно одговара на констатацијата дека станува збор за „клиентелистичко-политичка мартица“.
„Го добивме известување по електронска пошта и ќе постапиме по него. Ние сме колективно тело на седница ќе го разгледаме и ќе одлучиме“, порача Башким Беисми, претседател на Совет на Јавни обвинители.
Поради навреди професионални дисквалификации и понижувачки наводи, Ристоска побара јавно извинување од премиерот Мицкоски. Таа ги води случаите „Талир 1” и „Талир 2” за незаконско финансирање и партискиот имот на ВМРО-ДПМНЕ, поради што неговите изјави ги доживува како несоодветен притисок врз работата.
Од владата велат – премиерот не ја спомнал со име.
„Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервјуто не ја спомна Ленче Ристоска со име и презиме. Тој говореше за медиокритети и чудно е како Ленче Ристоска се препозна во тоа интервју“, одговорија од владата.
Според Правилникот за обезбедување и гарантирање на самостојноста на јавните обвинители, постапката е итна. Советот формира комисија од тројца членови која собира информации за конкретниот случај, а може да ја повика и Ристоска, но и Мицкоски писмено или усно да се произнесе.
Доколку се утврди надворешно нарушување на самостојноста на обвинителот во неговата работа, Советот јавно ќе го објави заклучокот и да го достави до Владата или Собранието.
Јавниот судир на ВМРО-ДПМНЕ со обвинителката почна уште летоска, кога Ристоска беше предложена како еден од тројцата кандидати за судија во судот во Стразбур, а Владата ја поништи таа одлука со тврдење дека не ги исполниле критериумите, но не добија образложение. ВМРО-ДПМНЕ во октомври преку соопштение ја нарекоа „поранешната ѕвезда на пропаднатото СЈО“, дека „делеле правда со партиски аршин“ и дека „го симболизира моралниот пад на обвинителството“. Тогаш побара извинување и од партијата кое не го доби и најави тужба за клевета.
Неодамна Ристоска ги криткуваше измените на КЗ кои ги предложија пратеници од ВМРО-ДПМНЕ дека содржат и полоши решенија од спорните измени од септември во 2023 година и дека не се во насока на борбата со корупција.
Елена Ивановска Мукоска
