Македонија Топ вести

Заев од Брисел: Македонскиот јазик и идентит не се за преговори

„Очекуваме одлука за прифаќање на преговарачката рамка и првата меѓувладина конференција и со тоа уште во мандатот на португалското претседателчство да го официјализираме нашето започнување на преговори за членство во ЕУ,“ истакна премиерот Зоран Заев, кој денеска допатува во Брисел каде што вечерва, на покана на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел.

„Претставници на ЕУ знаат и разбираат дека нашиот македонски идентитет и македонскиот јазик не се и никогаш нема да бидат за преговори. Знаат и разбираат дека тоа ниту било, ниту треба да биде на европската маса за преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ“, потенцираше премиерот Заев во изјавата од Брисел.

Заев дополни дека Северна Македонија во секој момент е подготвена и има апсолутно добра волја за прашања од билатерален карактер да разговараме со Бугарија во секое време без тоа да влијае на нашето пристапување во Европската Унија.

Со лидерите на земјите од Западен Балкан имаме неподелен став, истакна премиерот Заев, дека ЕУ не може да смета дека е целосна без регионот и дека секое одлагање на процесот на вклучување на земјите од Западен Балкан ја доведува во прашање неколку пати повторуваната определба на ЕУ за проширување и кредибилитетот на Брисел меѓу нашите граѓани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На тројца функционери на ВЛЕН не им бил дозволен влез во Албанија, од граница вратени и други активисти и членови на партијата

Дејан Дејан

Извршниот одбор на СДСМ вечерва со помирувачки пораки – повикаа дијалогот да се води во партијата

Дејан Дејан

Вечерва извршен одбор во СДСМ-ќе успее ли раководството да се консолидира или ќе се потврдат внатрешните разлики?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе