Вести Македонија Најважни

Денеска е коледе, утре е Божиќ, од утрово се слуша пред вратите на христијанските верници

Денеска е Бадник – денот што за верниците го најавува Христовото раѓање. Уште од раните утрински часови, граѓаните ги посетија православните храмови, каде што запалија свеќи за здравје, мир и благосостојба и упатија молитви за себе и за своите најблиски.

Тие велат дека Бадник го поминуваат во семејна атмосфера во духот на традицијата и верата. На бадниковата трпеза имаат лепче со паричка, грав, сарма и суво овошје.

„Овој празник е еден од најголемите во православието. Тоа е денот на раѓањето на нашиот спасител Исус Христос“, вели верник.

„Бадникот е голема традиција останата од нашите предци. На вечера ќе бидеме фамилијарно, ќе кршиме лепче со паричка“, додаде друг верник.

На денешните бадникови чествувања присуствуваа стариот и новиот кум, како и стариот и новиот здравичар, заедно со неколку градоначалници. Тие упатија бадникови честитки и пораки за сплотеност, мир и напредок.

„Замислете дека во оваа чаша која ја имам во рака има капки желби. Првата капка ќе ја испијам јас, а останатите капки вам ви ги дарувам за да ви се исполнат желбите“ порача Јаков Дренковски, здравичар за 2026 година.

„Нека бадниковото гранче како симбол донесе мир и благосостојба во Македонија, а на сите им посакувам здравје, среќа и успех. Посакувам да бидеме подобри луѓе и повеќе да се почитуваме меѓу себе“, кажа Зоран Контраденко, кум бадникар за 2026 година.

Во празничен дух, од Музејот на Град Скопје до Плоштадот Македонија се одржа традиционалната бадникова поворка. Во неа учествуваа голем број дечиња од повеќе градови од државата. Со насмевки, песни и празнично расположение, тие внесоа радост во центарот на градот.

Децата велат дека им е забавно, дека се среќни што се дел од поворката и што заедно го слават Бадник со другарчиња од различни места.

„Многу е интересно. Носиме ѕвезди, одиме и пееме. Сакаме пак да дојдеме на поворка“, кажаа најмалите.

Организаторите истакнуваат дека интересот за настанот од година во година е се поголем, а бројот на учесници постојано расте, што, како што велат, е доказ дека традицијата живее и се пренесува на најмладите.

Денеска и покрај врнежливото време и самите може да видите дека дојдоа голем број дечиња ништо не може да не спречи да ја чуваме нашата вера и традиција. Можевме сите дома да седиме, на телевизија  да гледаме како треба и тоа да им го раскажуваме на децата, но ние ги донесовме тоа да го видат самите, вели Марија Саздева од Здружението „Бадникови поворки“.

Бадникова поворка се одржа во сите градови низ државата. Вака изгледаше тоа во Штип.

Утре е Божиќ, празник кога христијаните ќе го прослават раѓањето на Исус Христос.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање нe е е решение за покривање на дефицитот на Пензискиот фонд

Дејан Дејан

Крадци ноќеска испразниле банкомат во трговски центар во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Усвоени измени на Законот за финансиски лизинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе