Вести Економија Македонија

УЈП: Двојно оданочување нема да има

Управата за јавни приходи ги повика сите граѓани кои имаат докази дека им е платен данокот во странство за приходи кои ги добиле од други земји, да ги донесат доказите. На сите кои веќе платија данок а кои ги имаат доказите ќе им бидат вратени парите. Директорката Елена Петрова тврди дека не може да се изврши двојно одданочување.

Ујп во изминативе два месеци започна да ги известува граѓаните за неплатен данок на приходи кои ги имале во странство за 2020 година. Но некои од нив ги добија решенијата на неколку часови пред истекот на старата 2025 година па не стигнаа да обезбедат докази дека сепак данок е платен во државите од каде ги земале приходите. Дел се жалеа пак дека тоа не се пари од приходи туку рефундирани пари за авионски карти, за изгубен багаж и слично. Сепак голем дел веќе ги платија даноците. На протест пак денеска повторно излегоа кумановците кои работеле во Авганистан или Ирак. Побараа правилно утврдување на даночната резидентност, укажувајќи дека биле надвор од државата повеќе од 183 дена. Побараа УЈП како докази да ги признае печатите од пасошите и потврдите од работодавците.

Директорката Петрова пак тврди дека морале да го почитуваат законот и да ги достават решенијата до крајниот рок, односно пет години по истекот на годината кога доходот е остварен.

До сега државата пресметала дека само за 2020 година треба да наплати три милиони евра данок за приходите од странство. Такви се 6 600 граѓани од кои третина веќе уплатиле додека останатите добиле решенија по службена должнност од УЈП.

Билјана Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе