Вести Македонија Топ вести

Грипот ги наполни амбулантите по празниците

Пациенти со симптоми на грип секојдневно ги полнат амбулантите – вирусот зема замав по новогодишните празници. Семејните собири и забавите придонесоа за негово брзо ширење и меѓу младите и кај повозрасните. Во поликлиниката во Ѓорче Петров, дневно и до 90 лица бараат лекарска помош, со слична клиничка слика.

„Тоа се симптоми кои се проследени со сува кашлица, омалаксаност, покачена телесна температура. Истите симптоми се и кај помладите и кај повозрасните“, објасни Стефан Јованов, матичен лекар.

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека земјата влегува во пикот на сезонскиот грип, а најголем број прегледи се очекуваат во наредните недели.

„Ние сега сме во фаза на пикот на сезонскиот грип. Во наредните две до три недели бројот на заболени уште повеќе ќе се зголеми  и тоа е нормално за овој период од годината“, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Последните податоци од Институтот за јавно здравје покажуваат дека бројот на заболени нагло расте. Во период од 22ри до 28ми декември од 2025 година пријавени се 771 случај на грип и заболувања слични на грип, што е 2,5 пати повеќе од претходната недела. Најголема инциденца е регистрирана кај децата од 5 до 14 години.

Против сезонски грип досега се вакцинирани 77 илјади граѓани, а преостануваат уште околу три илјади вакцини, кои се достапни без претходна пријава во здравствените установи.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра – тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе