Вести Македонија Најважни

Почина двегодишното бебе кое беше рането од куршум

Двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ и беше во жиовотозагрозувачка состојба утринава им подлегна на повредите во Клинички центар „ Мајка Тереза“ . Двегодишното дете беше примено на интензивна нега во 3 часот наутро со проектил во главата од огнострелно оружје. И покрај сите напори на медицинските тимови, утрово било констатирано дека тоа починало.

„На 01.01.2026 во 00:58 во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив во многу тешка состојба и со стран предмет во глава е донесено двегодишно дете од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и извршиле службен разговор со мајката Г.Д.(21), која појаснила дека на 31.12.2025 пред полноќ излегла пред дворот од куќата на подрачјето на Гази Баба со детето и гледајќи огномет слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето. Во полициска станица е извршен службен разговор и со таткото на детето М.А.(26). Во 01:58 часот на 02.01.2026 детето починало, а лекар констатирал смрт“, соопштуваат од МВР. 

Од обвинителството соопштуваат дека во однос на починатото 2-годишно дете е издадено наредба за обдукција на телото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Од понеделник можно е повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе